Борусија Дортмунд ќе се сретне со Тотенхем на „Вембли“ во среда, а пред натпреварот проблем им направи сопствениот играч.
Летот на Борусија Дортмунд бил одложен поради тоа што еден од нивните најдобри играчи, Џадон Санчо си го заборавил пасошот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Би-Би-Си“ Англичанецот сфатил дека ја напуштил куќата и стигнал на аеродромот без патната исправа, па поради тоа летот морал да биде одложен за Санчо да се врати и да го земе.
Санчо е еден од најдобрите играчи на Лусијан Фавр и навивачите многу очекуваат од него и во продолжение од Лигата на шампионите.
Беше помеѓу стрелците и во текот на викендот во домашното реми 3:3 против Хофенхајм. Во натпреварот во кој Борусија имаше предност од 3:0, па примија три погодоци.
За Санчо ова ќе биде прв сениорски натпревар во Лондон во графот во кој е роден и во кој израсна.
Интересно е што Спарси беа еден од неколкуте клубови кои се обидуваа да го доведат Санчо пред да се пресели во Германија.
Реваншот во Германија овие две екипи ќе го играат на 5-ти март.