Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, потврди дека се уште никој не ги понудил бараните пари од клубот за Хари Мегваер.
Дефанзивецот е трансфер цел на клубовите од Манчестер, а Лестер веќе одби една понуда од Јунајтед тежка 70 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да ви кажам која цена клубот ја постави за Мегваер, бидејќи тоа се инсајдерски информации. Лестер е во одлична финансиска состојба и не е принуден да го продава. Ако некој си оди, тогаш кандидатот за него мора да плати колку што сакаме. Имаме топ играч кој е таргет на врвните клубови. Го почитувам нивниот интерес и ги разбирам, но досега не сме добиле понуда што е близу до она што, колку ние го цениме“, изјави тренерот на Лестер.
Роџерс исто така објасни дека самиот Мегваер ја прифаќа добро ситуацијата и интересот на гигантите не влијае врз него.
„Хари се справува фантастично, никогаш не протестирал Тој е одличен професионалец и ова се гледа во начинот на кој е концентриран. Не можам да кажам дали сака да остане во Лестер, но забележувам како се однесува кон неговите должности“, додаде Роџерс.