Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лесно и е на Франција кога го има Мбапе

Лесно и е на Франција кога го има Мбапе

Во исклучително интересен натпревар од второто коло од групата Д, репрезентацијата на Франција ја совлада Данска со 2:1 на Светското првенство во Катар и го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Разликата ја направи најдобриот играч на „триколорите“ и најголемата ѕвезда на францускиот фудбал, Килијан Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот удар на натпреварот го упатија Французите. Дембеле нафрли од десната страна директно на главата на Рабио, а Шмајхел го одбрани неговиот обид.

Девет минути подоцна Мбапе за прв пат проби по левата страна, на другата страна го пронајде Кунде, Шмајхел веќе беше совладан, но на патот кон голот топката ја изблокира Кристенсен.

Уште три шанси во следните 10 минути. Првата за Данците во 33. минута кога напаѓачот Корнелиус шутираше покрај голот, а потоа два за Французите преку Жиру и Мбапе, кои шутираа над голот на Шмајхел. Во вториот дел видовме одлична игра и она што недостасуваше во првото – головите.

Мбапе ја доведе Франција во водство во 61. минута, Данска изедначи осум минути подоцна преку Кристенсен, а победничкиот гол за Франција стигна во финишот. Гризман одлично нафрли го пронајде Мбапе кој со колено се снајде и ја смести топката во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…