Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, пред неколку години веројатно ја научил најголемата животна лекција.
Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид откри како помошникот во клубот Муно Бургос можеби дури и му го спасил животот со совет кој до тогаш никој не му го дал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саул пред две години имаше големи проблеми со бубрзите, едниот негов бубрег беше пред откажување, Шпанецот бил спремен и да го извади, но тогаш Бургос бил тука за да му го даде животниот совет на фудбалерот.
„Користев катетар, одев на рехабилитација, но болките не престануваат. Ги чуствував додека трчав, а покрај тоа дури и мокрев крв. Кога отидов во болница, бубрегот не работеше како што треба, докторите ми кажаа дека морам да паузирам, но јас бев спремен и да го извадам само за побрзо да се вратам на теренот. Им кажав: Извадете ми го тој еден бубрег, имам друг кој ќе работи, само нека помине оваа агонија. Би бил надвор од терените еден месец, а потоа би било се нормално“.
„Тогаш дојде Муно Бургос и ми кажа: Дали си ти нормален? Имаш 22 години и сакаш да го извадиш бубрегот за што побрзо да се вратиш на терен, за што ти зборуваш? Користи ја својата глава и мисли на својот живот! Што ако после неколку години ти се јави проблем и со вториот бубрег?“, открива Саул.
Шпанецот подоцна го реши проблемиот со бубрегот, користеше катетар, а потоа стана еден од најдобрите напаѓачи на Шпанија.