Дома Фудбал Легенди за контроверзниот пенал што беше досуден за ПСЖ: Ова е смешно

Легенди за контроверзниот пенал што беше досуден за ПСЖ: Ова е смешно

Вчера на Паркот на принцовите се одигра ДРАМА каде Пари Сен Жермен израмни на 1:1 против Њукасл со голот на Килијан Мбапе од пенал во осмата минута од судиското надополнување.

ПСЖ така остана во игра за осминафиналето од Лигата на шампионите, а англиските медиуми и стручњаци ја нападнаа судиската организација во која беше и хрватскиот судија Иван Бебек.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Пенал за францускиот шампион беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливрамент и го погоди во лактот.

Натпреварот го водеше Полјакот Марчинијак, а ВАР-собата го повика сам да се увери што се случуваше во акцијата од крајот на мечот.

Во ВАР собата беа сонародникот на Марчинијак, Томаш Квјатковски и Иван Бебек.

Поранешните фудбалски ѕвезди, а сега стручни коментатори на натпревари, како Алан Ширер и Гери Невил, жестоко ја критикуваа одлуката.

„Како побогу ова е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Линекер на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), додека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор ја напиша оваа порака: „ВАР, умри те молам“. Пораката на Ширер е со сличен тон: „Какви ср*ња“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона постигна договор со контроверзен агент поради еден фудбалер

Изгледа дека Барселона влегла во „матна работа“ со контроверзен агент, и сето тоа поради а…