Никогаш не сте го виделе расплакан, но легендарниот Рајан Гигс знаел некогаш да пушти солза.
Легендарниот Велшанец освои бројни титули во дресот на Манчестер Јунајтед, но најсреќен бил кога ја освоил Лигата на шампионите во 1999. година. Во култното финале Јунајтед тогаш, преку пресврт стигна до победата над Баерн со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таа ноќ, признава Гигс, на теренот на „Ноу Камп“ пуштил и по некоја солза од среќа.
„Ако зборуваме за најдобрите моменти во кариерата, за мене тоа беше финалето на ЛШ на „Ноу Камп“. Плачев. Тоа беше единствен пат кога заплакав, емоциите го направија своето“, истакна Гигс.
Тогаш Теди Шерингем и Оле Гунар Солскјаер во судиското надополнување ги постигнаа погодоците за голема победа на „Црвените ѓаволи“, а за антологиското финале и денес се зборува.
Гигс во кариерата играше само за Јунајтед и за црвениот дрес постигна 114 погодоци на 672 настапи, а последниот го запиша 2014. година.