Дома Македонски спорт Мак баскет Легендата на мак. кошарка Лазар Лечиќ: Титула се освојува на терен, Се чудам на луѓето во МЗТ!

Легендата на мак. кошарка Лазар Лечиќ: Титула се освојува на терен, Се чудам на луѓето во МЗТ!

Легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ се огласи за „војната“ која се води помеѓу КФМ и МЗТ Скопје.

Лечиќ изрази чудење зошто во едни вакви околности МЗТ упорно бара да им биде доелена титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова е навистина еден чувствителен момент во кој многу повеќе внимание мора да обрнеме на здравјето, на безбедноста, иако не смееме да ги заборавиме оние секојдневни активности. А кога сум јас во прашање нели, пред се, кошаркарските“- вели Лечиќ. „Слушам, гледам полемики околу тоа дали треба да се прогласи шампион, или пак сезоната да биде поништена. И сум навистина разочаран како сето тоа е прикажано во јавноста. Наместо да зборуваме за работи со кои треба да одиме напред, ние го правиме спротивното. Лично сметам, и се чудам, зошто раководството на МЗТ Скопје, упорно инсистира да им биде доделена шампионската титула? Што ќе добијат со едно такво, службено прогласување за шампиони? Дали е тоа задоволување на нечии интереси, пред се навивачките, би рекол. Навистина и не гледам друг интерес, освен за да се каже дека биле најдобри во сезоната во која не одиграле ни половина од предвидените натпревари, а оние кои ги добиле ги реализирале со голем број на странски кошаркари. Кому му е потребна титула ‘освоена’ на зелена маса?“

За него титулата се освојува само на терен.

„Јас знам добро една работа. Титулата се заработува на теренот. А не со вакви кавги кои ги забележувам во последно време помеѓу кошаркарските субјекти. Тоа е решението, да се најде спортски начин за да дојдеме до најдобриот во сезоната. Сега има други проблеми за решавање. Но доколку се отвори и најмала можност, шампионот да се добие на терен. Некои мои размислувања се тоа да биде преку организирање на некој завршен дел, или турнир, кога ќе се стекнат безбедносни услови за тоа. На пример, четирите најдобри екипи да играат во еден град. На едно место, на пример, во Маврово, кој нуди оптимални услови за реализација, пред се од здравствен и безбедносен аспект. Можеби на крај на август или пак во септември…“, изјави помеѓу другото Лечиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …