Дома Актуелно Легендата на Интер: Бев будала и го потценив вирусот, заразен коментирав натпревар!

Легендата на Интер: Бев будала и го потценив вирусот, заразен коментирав натпревар!

Поранешниот фудбалер на Интер и легенда на тој клуб Џузепе Бергоми одработи јавување во живо на Инстаграм во кое откри дека бил заразен со коронавирус додека пренесувал натпревар на телевизија.

„Направив стерелошки тест и резултатот беше дека сум позитивен. Почетокот на март се разболев, ми влијаеше на сетилото за мирис, а ме болеше и плуќата. За среќа развив антитела, но докторите кажаа дека тоа нема во целост да ме заштити. Бев слаб, не можев да седам поради болките во грбот, констатно чувствував болка во нозете“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пријателите ме исмејуваа и ми зборуваа дека премногу размислувам кога зборував дека ме боли грбот и сум слаб. После некое време болката помина, но се траеше помеѓу 20 и 25 дена. Сега сум подобро. Бев будала и го потценив вирусот, па дури и на 26 февруари бев стручен коментатор на натпреварот Наполи Барселона. Бев во контакт со премногу луѓе, погрешив“, раскажа Бергоми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…