Дома Фудбал Англија За Арсенал одигра повеќе од 300 натпревари, а денес е бездомник и алкохоличар (ФОТО)

За Арсенал одигра повеќе од 300 натпревари, а денес е бездомник и алкохоличар (ФОТО)

Некогаш големата ѕвезда на Арсенал и англискиот фудбал Кени Сансом денес живее како бездомник.

Во периодот помеѓу 1979 и 1988 година Сансом одигра 86 натпревари за репрезентацијата на Англија, додека во дресот на Арсенал настапи на повеќе од 300 натпревари. Играше уште за Њукасл, Квинс Парк, Евертон, Кристал Палас и Ковентри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес е далеку од животот кој го живеел како фудбалер. По кариерата за жал се посвети на алкохолот и коцкањето и тоа го доведе денес улицата да биде неговиот дом.

„Пијам колку што сакам. Што да се каже, јас сум пропаднат човек. Арсенал ми помага, но јас самиот на себе сум најголемиот непријател. Не сакам да престанам да пијам, обожавам алкохол“, изјави Сансом.

Сансом дури шест пати одеше на лечење за одвикнување од алкохолот меѓутоа ништо не му помогна. Медиумите во Англија пишуваат дека Арсенал неодамна повторно му пружил помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…