Дома Фудбал Останато Легендарниот фудбалeр денес е бездомник: Станав тажен пијаница

Легендарниот фудбалeр денес е бездомник: Станав тажен пијаница

Славниот англиски фудбалер, Пол Гаскоњ уште еднаш зборуваше за тешките животни моменти низ кои поминува.

Гаскоњ веќе со години се бори со алкохолизмот поради кој изгуби, се дури и домот. По седми пат Гаскоњ беше на рехабилитација и обид да се одвикне од алкохолот. Престојуваше во клиника во Саутемптон каде што плаќаше 6.000 фунти месечно.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Откако отидов на првиот состанок со анонимните алкохоличари направив 12 чекори, а еден од нив беше да запознаам личност која ја обвинувам за своите проблеми, таа личност бев јас. Бев среќен пијаница, но повеќе не сум, сега сум тажен пијаница. Не излегувам да пијам, туку пијам дома. Луѓето го знаат Пол Гаскоњ, но „Газа“ никој не го не го знае. Дури ниту јас некогаш. Мислам дека не изневерив никого, ниту еден тренер, соиграчи или навивачи. Ако некого изневерив тоа беше самиот себе“, изјави Гаскоњ.

Бидејќи нема дом тој живее кај агентот Кејт Дејвис.

„Го повикав Кејт во ноември пред неколку години и почнав да плачам поради она што си го направив себеси и на другите луѓе. Бев во затвор и на рехабилитација, конзумирав и кикаин на даска од тоалет и уште многу тоа. Сега живеам кај него во стан“, раскажа поранешниот фудбалер.

Во кариерата Гаскоњ играше за Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс, Миделсброу, Евертон, Барнли…Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше на 57 натпревари и постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…