Дома Фудбал Англија Легендарниот „топџија“ со совет за Арсенал: Јунајтед нека ви биде пример!

Легендарниот „топџија“ со совет за Арсенал: Јунајтед нека ви биде пример!

Легендарниот француски фудбалер, Роберт Пирес даде неколку совети за неговиот поранешен клуб Арсенал.

Пирес своевремено за Арсенал настапуваше во периодот од 2000. до 2006. година, со што запиша 278 настапи за лондонскиот клуб, а и денеска кога е во пензија, со голем интерес го прати својот поранешен клуб.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Говорејќи за „Goal“ за актуелната ситуација во Арсенал, Пирес, меѓу останатото, изјави дека Манчестер Јунајтед треба да биде пример за Арсенал.

„Арсенал треба да има две цели. Првата е сезоната да ја завршат меѓу најдобрите четири екипи, а втората е да освојат трофеј, како што Манчестер Јунајтед направи минатата година. Иако некои мислат дека освојување на Лигата на Европа не е толку гламурозно како Лигата на Шампионите, тоа сепак е добра прилика за клубот, играчите и тренерот да освојат трофеј. Целта е сепак нешто да се освои“, изјави Пирес.

Пирес исто така коментираше и за Санчез и Озил. Изјави дека Арсенал мора да направи се за да го продолжи договорот со нив, бидејќи станува збор за играчи кои се важни на теренот и надвор од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…