Дома Топ вести Легендарниот Патрик Виера пронајде нов ангажман

Легендарниот Патрик Виера пронајде нов ангажман

Поранешниот легендарен репрезентативец на Франција, Патрик Виера во наредниот период ќе биде тренер на францускиот Стразбур.

Виера така по три години се враќа во својата земја. Во 2020 година ја водеше Ница, а сега седнува на клупата на Стразбур.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во претходните две години поранешниот фудбалер на Каен, Милан, Арсенал, Јувентус, Интер и Манчестер Сити го водеше Кристал Палас. И во новиот клуб ќе има мала поврзаност со Премиер лигата, бидејќи сопственик на Стразбур е газдата на Челзи, Тод Боели.

Покрај Ница и Кристал Палас, Виера ги тренираше уште Њујорк Сити и резервниот тим на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп не доаѓа во Мадрид, но веќе се знае кој е новиот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе влезе во новата сезона со нов тренер, а според сите проценки, тоа ќе биде У…