Поранешниот италијански фудбалер Лука Тони пред неколку дена доживеал вистинска драма во неговиот дом.
Италијанските медиуми објавија дека Лука Тони бил мета на крадци кои влегле во неговиот дом, а тој одлучи да се огласи што се случувало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина беа изненадени кога Тони потврди дека со своето семејство бил во неговиот дом во тој момент и сведочеше за се што се случувало.
„Вистина е, во четврток навечер дојде до инцидент. Тројца влегоа во мојот дом, додека бев со семејството. Имаа маски на лицето и земаа се што можат да земат. Ова беше траума за мене, а посебно за моето семејство, најважно е што сме добро“.
„Полицијата дојде затоа што некој од соседите пријавил што се случува. Сепак, успеаа да побегнат, а на камерите немаше многу што да се види. Сега само барам приватност за мене и моето семејство“, изјави Тони.