Роберт Левандовски стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој победил на последните 18 натпревари во најсилното европско натпреварување.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
До оваа бројка Левандовски стигна вчера со убедливата победа против Динамо Киев. Во овој натпревар полскиот голгетер постигна два гола во првото полувреме, Баерн на крајот славеше со 5:0.




Зад Левандовски е голманот на Баерн, Мануел Ноер кој има 17 победи во низа. Треба да се спомене и дека Левандовски стигна до 60 гола во дресот на Баерн во 70 одиграни натпревари во најелитното европско натпреварување.