Дома Фудбал Левандовски подготвува сензационален трансфер? Шпански медиуми: Сите ќе бидат изненадени

Левандовски подготвува сензационален трансфер? Шпански медиуми: Сите ќе бидат изненадени

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ (35) на лето би можел да направи сензационален трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот новинар Рубен Урија.

Веднаш по него, информацијата независно ја пренесоа или објавија уште десетици шпански медиуми и новинари, а одекна на глобално ниво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Барселона сака да се ослободи од Полјакот. Неговата плата е преголем товар за буџетот на Барселона. И покрај тоа што Левандовски има договор со Барселона до летото 2026 година, Каталонците почнаа да го подготвуваат теренот за летото, а Атлетико Мадрид се појави како заинтересирана страна. Треба да внимаваме на таа работа“, објави Урија.

И сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата тврдат дека платата од 27 милиони евра годишно е навистина преголема за буџетот на Барселона, особено за фудбалер на таа возраст и наведуваат дека најверојатно тоа ќе биде трансфер кој сите ќе ги изненади.

Секако дека Левандовски има договор, па и Атлетико мора да плати одредена отштета за него, а не е позната сумата која ја бара Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео Отаменди го провоцираше Винициус со своите тетоважи. Снимката стана вирална

Возбудлив натпревар одиграа Бенфика и Реал во првиот меч од плејофот за елиминациска фаза …