Баерн Минхен го запиша својот 12. триумф, откако тешко го скрши отпорот Келн.
Иако играа против екипа која се наоѓа на дното на табелата, Баварците се соочија неочекувано проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победничкиот погодок беше дело на Левандовски во второто полувреме, по одличната асистенција на Томас Милер.
Фудбалерите на Баерн, потоа имаа уште неколку шанси за втор гол.
Во останатите дуели Шалке по голема битка го совлада Аугсбург со 3:2. Баер Леверкузен со голот на Аларио во 11. минута славеше над Вердер со 1:0.