Дома Фудбал Останато Левандовски за неговите идоли: Прво Баџо, па Дел Пиеро, Анри…

Левандовски за неговите идоли: Прво Баџо, па Дел Пиеро, Анри…

Роберт Левандовски во овој момент е можеби најдобриот играч на светот, полскиот голгетер прикажува одлични настапи во дресот на Баерн.

Како и секое дете така и Левандовски на почетокот на кариерата имал свои идоли. Во разговор за „Билд“ тој посочи на кои тројца им се воодушевувал.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Кога имав шест години идол ми беше Роберто Баџо, потоа Алесандро Дел Пиеро стана мој модел, многу му се воодушевував. Во еден период најмногу ми се допаѓаше и Тиери Анри. Неговите свртувања, влегувања во простор, голови…го копирав во се“, порача Левандовски.

Ќе потсетиме, Левандовски од страна на ФИФА беше избран за најдобар во изминатата година, веројатно ќе беше и добитникот на „Златната топка“, но таа награда не се доделуваше поради ситуацијата со коронавирусот и големиот прекин во минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…