Изминатата вечер се одиграа два натпревари од плеј-офот во НБА лигата во кои Лејкерс по продолженија беа подобри од Мемфис со 117:111, додека Мајами го совлада Милвоки со 119:114.
Лејкерс со победата стигнаа до водство од 3:1, а во овој натпревар одново Леброн поикажа зошто е еден од најдобрите во историјата. „Кралот“ постигна 22 поени и запиша 20 скокови водејќи го својот тим до триумф.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Леброн е првиот кошаркар на Лејкерс по Шекил O’Нил во 2004 година кој успеал на еден натпревар да има повеќе од 20 поени и скокови.
Ѕвездата на вечерта сепак е Џими Батлер кој против Милвоки постигна 56 поени за победа на својот тим. Мајами сега како и Лејкерс има предност од 3:1. На Милвоки не помогна ниту трипл-даблот на Јанис Антетокумпо кој го заврши натпреварот со 26 поени, 10 скокови и 13 асистенции.