НБА ветеранот Пол Џорџ ќе стане нов член на Филаделфија 76ерс, пренесува познатиот американски новинар Адријан Војнаровски.
Деветкратниот ол-стар ќе потпише четиригодишен договор вреден 212 милиони долари со Сиксерс, каде што го чекаат минатогодишниот МВП Џоел Ембиид и oдличниот Тајрис Макси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И Ембиид и Џорџ се меѓу најдобрите играчи на денешницата без трофеј и дефинитивно во наредната сезона гледаат шанса тоа да го променат.
Минатата сезона Џорџ имаше просек од 22,6 поени, 5,2 скока и 3,5 асистенции за Клиперс, со кој стигна до првата рунда од плеј-офот каде што беа елиминирани од Далас. Претходно во кариерата беше дел од Индијана и Оклахома.
George and his agent Aaron Mintz of CAA met with Sixers officials including owner Josh Harris, Daryl Morey, Elton Brand and legend Julius Erving in LA. PG agreed on a deal that includes a player option, sources said. https://t.co/u5AZ0rz2sk
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) July 1, 2024