Дома Фудбал Италија Леао и Милан блиску до договор

Леао и Милан блиску до договор

Раководсвото на Милан наскоро ќе има средба со претставниците на Рафаел Леао, која ќе биде клучна за иднината на Португалецот.

Како што е познато Леао на лето влегува во последната година од договорот и доколку не стави потпис на нов договор тогаш Милан ќе го стави на трансфер листа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Преговорите за продолжување на соработката траат веќе неколку месеци, а сега „росонерите“ очекуваат конечен одговор од фудбалерот.

Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека семејството на Леао сака тој да остане во Милано и наскоро ќе се реши неговата иднина.

Последната понуда на италијанскиот гигант е плата од 7 милиони евра по сезона, плус бонуси, па се очекува Леао наскоро да стави потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сопствениците на Ливерпул дадоа зелено светло за рекордна понуда за Исак

Сопствениците на Ливерпул одобрија испраќање на рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл Але…