Дома Фудбал Италија Леао добива нов договор и четири пати повисока плата

Леао добива нов договор и четири пати повисока плата

Милан започна преговори со Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Леоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Милан сака брзо да реагира и веќе започна преговори за нов договор.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил четири пати зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан му понудил 6 милиони евра по сезона до 2027 година, а Португалецот во моментов заработува 1,5 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…