Дома Фудбал Лајпциг славеше убедливо, Елмас повторно остана на клупата

Лајпциг славеше убедливо, Елмас повторно остана на клупата

Екипата на Лајпциг вечерва ја оствари третата победа по ред во Бундеслигата, откако славеше победа со 5:1 против Келн.

Натпреварот го отвори Симонс кој  стрелаше за 1-0 во 15. минута, а само 180 секунди подоцна Адамјан погоди за 1-1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Биковите“ постигнаа уште четири гола во вториот дел, и тоа два преку Опенда, а по еден постигнаа Поулсен и Хаидара.

Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата на Лајпциг.

Со оваа победа Лајпциг е на четвртото место во германското првенство со 49 бодови по 26 одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како на селски фудбал, а не во квалификации за Лига на шампони: Противникот на Шкендија играше со импровизиран дрес

Во натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, велшкиот тим ТНС …