Дома Фудбал Италија Лацио со сериозни обвинувања за Јувентус

Лацио со сериозни обвинувања за Јувентус

Во Лацио не се задоволни од однесувањето на Јувентус во ситуација со пандемијата од коронавирусот и ги обвинуваат „бјанконерите“ за недостаток на ферплеј.

„Бјанконерите“ им дозволија на многу нивни странски играчи да ја напуштат Италија за време на траењето на кризата. Сепак, со оглед на тоа што има намалување на бројот на луѓе што се заразени и починати во последните неколку дена во земјата, логично се дискутира за опцијата за обновување на тренинзите и евентуално враќање во фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, кога сите овие странци на Јувентус ќе се вратат во Италија, ќе треба да поминат задолжителен 14-дневна карантин. И бидејќи властите сакаат да им дозволат на клубовите да почнат со активности во исто време, тоа значи дека сите други клубови мора да чекаат да истече карантинот на странските играчи на „старата дама“.

 „На овој начин, клубовите кои беа строги во тешкото време ја губат својата предност да бидат во можност да започнат со тренинзи порано. Се надевам, владата нема да подлегне на притисокот на навивачите на Јувентус кои вршат притисок за рамноправен старт. Меѓутоа, ако го сторат тоа, тоа ќе биде незаслужена казна против оние кои ги следеа сите препораки“, истакна Артуро Диаконале, директор на одделот за односи со јавноста на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…