Дома Трансфер зона Лапорта: Дембеле не одговорил на понудата за нов договор

Лапорта: Дембеле не одговорил на понудата за нов договор

Тренерот Чави Ернандез прави напори да го задржи Осман Демебеле во Барселона, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Во таква насока е и последната изјава на претседателот Жоан Лапорта кој истакна дека Дембеле имал понуда за нов договор, но се уште не го прифатил. Дембеле беше блиску до заминување од Барселона во јануари, тогаш се очекуваше да биде испратен и на трибините кога веќе не замина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Чави се реши да му даде шанса, а истата Дембеле ја искористи на најдобар начин и прикажуваше одлични настапи. Меѓутоа опцијата за негово заминување и понатаму постои.

„Дембеле доби понуда за нов договор, но се уште не ја прифатил. Нема одговор од негова страна“, изјави Лапорта.

Во продолжение Лапорта доби и прашање за Левандовски, но одби да даде коментар на таа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдени уште две заминувања од Ливерпул

Пред неколку месеци беше потврдено дека Јирген Клоп наредната сезона нема да биде тренер н…