Тренерот Чави Ернандез прави напори да го задржи Осман Демебеле во Барселона, но како што стојат работите тоа нема да се случи.
Во таква насока е и последната изјава на претседателот Жоан Лапорта кој истакна дека Дембеле имал понуда за нов договор, но се уште не го прифатил. Дембеле беше блиску до заминување од Барселона во јануари, тогаш се очекуваше да биде испратен и на трибините кога веќе не замина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Чави се реши да му даде шанса, а истата Дембеле ја искористи на најдобар начин и прикажуваше одлични настапи. Меѓутоа опцијата за негово заминување и понатаму постои.
„Дембеле доби понуда за нов договор, но се уште не ја прифатил. Нема одговор од негова страна“, изјави Лапорта.
Во продолжение Лапорта доби и прашање за Левандовски, но одби да даде коментар на таа тема.