Како еден од потенцијалните кандидати за клупата на Челси се споменува и легендарниот фудбалер на овој тим, Френк Лампард.
Лондонскиот тим во последно време не игра најдобро во првенството, што ги отвори шпекулациите за отказ на Маурисио Сари, а на Стемфорд Бриџ на негово место може да дојде Лампард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквите натписи, од друга страна, не го интересираат Лампард кој моментално е на клупата на Дерби во Чемпионшип, што му е прв тренерски ангажман.
„Сите знаат дека во Челси има успешна и долга кариера, но не размислувам сега за други клубови кога конечно добив шанса. Би било глупо. Размислувам само на тоа како да успеам во клубот кој ми даде прилика и како Дерби да биде успешен.“ – изјави Лампард.
Легендарниот англиски играч во Челси играше од 2001. до 2014. година, а во тој период Сините освоија 13 трофеи.
Покрај Лампард како можен кандидат на клупата на Челси се споменува и Зинедин Зидан, кој е без ангажман откако го напушти Реал Мадрид.