Дома Фудбал Англија Лампард потпиша: Горд сум што се враќам во мојот клуб!

Лампард потпиша: Горд сум што се враќам во мојот клуб!

После преговорите кои се водеа десетина дена Френк Лампард го превзема Челзи.

Еден од најдобрите играчи на овој клуб се враќа на „Стенфрод Бриџ“. Лампард со „сините“ потпиша договор на една година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Горд сум што се враќам во мојот клуб како тренер. Сите знаат колку го сакам Челзи и историјата која ја делиме. Мојот фокус е на сезоната која е пред нас. Тука сум напорно да работам и да донесам успех во иднина. Со нетрпение чекам да започнам со работа“, изјави Лампард за официјалната страна на Челзи.

Лампард во Челзи помина 13 години како фудбалер и стана легенда, но и најдобар стрелец во историјата на клубот.

Сега се враќа во улога на тренер и сите се убедени дека овој потег на Челзи е полн погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…