Aнглиските медиуми најавуваат дека Челзи во зимскиот преоден рок ќе тргне во голем шопинг откако спортскиот суд во Лозана му ја укина забраната за регистрирање играчи.
Роман Абрамович сака да го засили тимот кој Френк Лампард го води одлично. Според она што се најавува една од најважните мети ќе биде Вилферд Заха од Кристал Палас. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска на „Стенфорд Бриџ“ го гледаат како идеална замена за Вилијан и(или) Педро. Меѓутоа ако Челзи сака да го доведе ќе мора да го сруши клупскиот рекорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заха минатото лето беше пред заминување од Палас, се очекуваше дека ќе потпише за Арсенал или Евертон. На крајот остана затоа што ниту еден клуб не успеа да се договори со Палас за висината на ошетата.
Со оглед на тоа дека Заха со Кристал Палас има договор со 2023 година, клубот за него може да бара висока оштета. Наводно оној клуб кој сака да го доведе Заха ќе мора да плати 100 милиони евра.