Дома Фудбал Англија Лампард за изјавата на Клоп: Нека не зборува смешни работи

Лампард за изјавата на Клоп: Нека не зборува смешни работи

Пред неколку дена Јирген Клоп го посочи Челзи како главен фаворит за титулата во Премиер лигата, ваквите зборови на Клоп Френк Лампард не ги прифати баш најдобро.

Евертон вчера го победи Челзи на „Гудисон Парк“, одлучувачкиот гол го постигна Сигурдсон од пенал. Челзи претходно во Премиер лигата беше поразен само од Ливерпул во септември па затоа Клоп ги посочи „сините“ како едни од главните кандидати за титулата, истакнувајќи дека имаат најсилен состав.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лампард вчера одговори на ваквата изјава.

„Прочитав дека Клоп изјавил дека ние сме фаворити за титулата затоа што имаме најсилен состав. Не можам тоа да го сфатам, звучи смешно. Околу нас има тимови кои победуваа и освојуваа титули во последните три години, имаат играчи кои им носат по 30 голови во сезона…И ние имаме играчи кои освојувале титули, но имаме и млади играчи кои само што пристигнаа во Премиер лигата, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…