Дома Фудбал Англија Лампард добил ултиматум од Абрамович?

Лампард добил ултиматум од Абрамович?

Челзи не игра баш најдобро на почетокот на сезоната во Премиер лигата, а медиумите на Островот веќе пишуваат дека Роман Абрамович веќе го губи трпението.

Френк Лампард доби прилика да го води клубот во кој оствари голем успех како играч, но на почетокот од сезоната не му оди најдобро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека Абрамович е блиску до одлука за промена на тренерското столче. Челзи во текот на преодниот рок потроши прилично многу, па затоа Абрамович сака и резултати.

Според информациите Френк добил ултиматум во наредниот месец Челзи да започне да игра подобро и да победува, во спротивно би можел да биде отпуштен. Се шпекулира дека Масимилијано Алегри би можел да биде човекот кој ќе го наследи.

Ќе потсетиме Челзи за викендот испушти победа против Саутемптон (3:3), а вечерва има тежок натпревар во Лигата на шампионите против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…