Дома Топ вести Лампард добива голем буџет – позната првата мета

Лампард добива голем буџет – позната првата мета

Челзи доби дозвола да купува фудбалери во јануари и конечно ќе може да го освежи својот состав, а тоа го потврди и тренерот Лампард.

Лампард во летото не можеше да купува нови играчи, па оваа сезона промовираше некои млади фудбалери кои блеснаа во синиот дрес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секогаш сакам да го засилам тимот, ова лето го изгубивме Еден Азар, кој беше многу важен игач за овој тим. Мислам дека најдовме начин за да можеме да бидеме конкурентни, тоа го покажуваме во првенството и Лигата на шампиони. Дали можеме да бидеме подобри? Секако дека можеме, особено во нападот“, истакна Лампард.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на „сините“ ќе му даде голем буџет од 180 милиони евра за јануарски шопинг на Лампард.

Лампард сака да ги засили крилните позиции и поради тоа главна мета ќе биде Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Наводно „сините“ се спремни да понудат 120 милиони евра за младиот Англичанец, за кого веруваат дека ќе биде иднина на тимот.

Како алтернатива се споменува ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, кој уште во летото сакаше да ја промени средината, а неговата цена во моментов изнесува околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…