Утре македонскиот и европски шампион Вардар ќе игра на гости против Кјелце во рамките од Лигата на шампионите.
Овој натпревар е важен и за двата тима. Претходната недела во Скопје, Вардар и Кјелце за прв пат одиграа реми во меѓусебните дуели, а нивната нова средба ЕХФ ја означи како натпревар на неделата.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Фановите на Кјлеце ќе ја наполнат салаата „Легионов“ и според објавата на Фејсбук страната на полскиот тим во овој натпревар влегуваат со голема мотивација.
„Ќе играме за важни бодови во Лигата на шампионите против Вардар. Никој не треба посебно да мотивираме, да дадеме се од себе и на трибините“, стои во објавата.
