Бразилскиот играч, Филипе Кутињо вечерва би можел да дебитира за новиот клуб.
Кутињо неодамна од Ливерпул се пресели во Барселона, а поради проблеми со повредата не тренерише некое време. Сепак, овој викенд се врати на тренинзите, а изгледа дека конечно потполно е подготвен и може да игра.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Доказ за тоа е фактот дека тренерот Ернесто Валверде го стави на списокот на играчи за вечерашниот натпревар. Барселона вечерва во рамките на реваншот од четвртфиналето на Купот на Кралевите играше на домашен терен против Еспањол. Потсетуваме, екипата од „Камп Ноу“ беше поразена на првиот натпревар со 1:0.
Во Барселона се надеваат дека нема да завршат како Реал Мадрид, кој синоќа беше елиминиран од Купот на Кралевите од Леганес и тоа откако што победи во првиот натпревар со 1:0.