Играчот на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на позајмица во Баерн Минхен, сака да остане на „Алијанц Арена“.
27-годишниот Бразилец ова лето пристигна во Баерн на едногодишна позајмица,но Баварците имаат опција да го откупат неговиот договор со 120 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се чувствувам одлично тука. Планирам да останам овде најмалку една година. Фокусиран сум на мојот престој во Минхен. Ако се оди добро, би сакал да останам во Баерн“, изјави Кутињо.
Оваа сезона Бразилецот има одиграно 18 натпревари, на кои постигна три гола и запиша пет асистенции.
Кутињо е рекордна аквизиција во историјата на Барселона, но не се снајде на Камп Ноу и ова лето ја промени средината.