Работите се променија за само неколку дена, се појавија нови опции, а изгледа дека возот за Барселона помина…
Кутињо се врати ги одигра првите минути за Ливерпул во новата сезона, а тоа автоматски значи дека не би можел да игра за Барселона во Лигата на шампионите доколку направи трансфер во јануари, но тоа и веројатно нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанците пишуваат дека Кутињо повеќе не е прва опција за Барселона, тимот ќе претрпи промени идното лето, но Бразилецот повеќе не е една од примарните мети. Сега Бартомеу најбрзо што може мора да го реши прашањето со договорот на Иниеста, бидејќи Шпанецот во натпреварот против Јувентус покажа дека сеуште може да игра на највисоко ниво.
Да се вратиме кај Кутињо, изгледа дека неговиот воз за Барселона помина. Ќе видиме што ќе се случува во текот на сезоната, но се зборува дека Велверде сака да ги засили другите делови од тимот и да пронајде замена за Жерар Пике, но и да припреми алтернтиви за Меси и Суарез.
И покрај се Кутињо во вчерашниот натпревар беше дочекан со аплауз, сепак нема сомневање дека тој и понатаму посакува трансфер во Барселона, но приказните за сума од 150 милиони евра наредното лето не се реални.