Дома Топ вести Кутињо кажа ДА – ова ќе биде трансфер на деценијата!

Кутињо кажа ДА – ова ќе биде трансфер на деценијата!

Како што ексклузивно пренесува каталонски „Спорт“ на денешната насловна страна, ѕвездата на Ливерпул Филипе Кутињо дал согласнот за преселба во Барселона!

Според овој извор, Каталонците веќе подолго време го следат Бразилецот и во него гледаат идеален наследник на Андрес Иниеста. Наводно сега и Кутињо одлучил да го напушти Ливерпул, а негов прв избор е Барселона каде се наоѓаат неговите големи пријатели Нејмар и Луис Суарез.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Весникот тврди дека Ливерпул веќе ја одредил цената и дека нема да го пушти Кутињо за помалку од 90 милиони евра, неколку милиони повеќе од тоа што заработија од продажбата на Луис Суарез.

Барселона не е спремна да ја плати оваа сума, но голема улога во намалување на цената би можел да одигра Китуњо доколку врши притисок и јасно изрази желба да се пресели на „Камп Ноу“.

Кутињо во Барса ќе има можност за освојување на важни трофеи како Примера и Лига на шампиони, а Каталонците со него ќе добијат нов лидер во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скриниар се враќа во Серија А во големиот ривал на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…