Дома Фудбал Англија Кутињо збесна, ама овојпат виновникот не е Ливерпул

Кутињо збесна, ама овојпат виновникот не е Ливерпул

Бразилецот не беше во тимот во катастрофалниот меч против Сити, несреќен поради пропаднатиот трансфер се врати од Бразил, но веќе на стартот во ЛШ би требало да заигра за Ливепул.

Разговарал со Клоп, не се очекува некоја негативна реакција од навивачите, а Кутињо не е бесен на Ливерпул, туку на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој имено, имаше цврсто ветување дека клубот ќе го доведе ова лето и дека ќе ја плати посакуваната цена на Ливерпул, односно оние 150 милиони евра. Бразилецот тоа го зеде „здраво за готово“, па поради тоа бараше да биде ставен на трансфер листата, но и одби да игра во текот на подготвителниот период.

Потоа Барселона тврдеше дека барањата на „Црвените“ биле неразумни и дека за Кутињо биле побарани околу 200 милиони евра.

Ливерпул тоа го демантираше, со напомена дека Барселона никогаш не упатила 4та п0онуда и дека не стигнале ниту до 150 милиони.

Овој сомнеж почна да го „чепка“ Кутињо, тој сега верува дека Каталонците го прекршиле даденото ветување и едноставно се откажале, дека процениле дека не вреди толку, иако преку менаџерот го уверувале во спротивното.

Останува прашањето, што точно се случувало, но сите информации укажуваат дека Ливерпул бил подготвен да го продаде и дека Клоп останал осамен во тоа да го задржи Бразилецот. Но, на крајот се остана на место, па што носи следното лето останува да видиме.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…