Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард синоќа на „BT Sport“ зборуваше за трансферот на Кутињо во Барселона, а сега на својот поранешен соиграч му испрати убава проштална порака на Инстаграм.
Џерард смета дека Кутињо е еден од најдобрите играчи со кого некогаш играл.
„Боли што си замина, бидејќи ти си посебен играч, еден од најдобрите со кого некогаш сум играл. Сакам на тебе и на твоето семејство да ви посакам се најдовро во следниот чекор во кариерата. Ти благодариме на одличните моменти и на спомените во последните пет години“, напиша Џерард на својот Инстаграм профил.
Убави зборови на Џерард. Кутињо не е популарен лик меѓу навивачите, но Џерард се уште памети се што направи тој за клубот.