Дома Фудбал Англија Кутињо ги откри добро чуваните тајни на Ливерпул: Еве кое име ќе ги засили „Црвените“ на лето?!

Кутињо ги откри добро чуваните тајни на Ливерпул: Еве кое име ќе ги засили „Црвените“ на лето?!

Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо на почетокот на оваа календарска година го напушти Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Барселона.

Кутињо така стана најскапиот играч во историјата на Барселона, а „Црвените“ заедно со бонусите ќе инкасира околу 160 милиони евра. Бразилецот призна дека е доста врзан за екипата на Ливерпул и веќе користи неколку слободни денови за да ги посети своите некогашни соиграчи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на шпанските медиуми, Кутињо и натаму е добро информиран што се случува во некогашниот клуб, а потоа доби информација дека „Црвените“ на лето ќе донесат засилување од Реал Мадрид. Како што се наведува, се работи за Карим Бензема кој се наоѓа на излезни врати од шпанскиот клуб.

Како што пишува Мундо Депортиво, Јирген Клоп сака да донесе искусен напаѓач, а сега има идеална шанса да го зграби Бензема кому не му оди баш најдобро оваа сезона. Во Ливерпул веруваат дека францускиот играч брзо ќе се навикне на нивниот стил на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…