Белгискиот голман Тубо Куртоа повторно е во центарот на вниманието после големиот кикс кој го направи синоќа за време на дуелот против Русија.
Ова дефинитивно е лоша сезона за Куртоа, кој е жестоко критикуван од страна на шпанските медиуми, а со доаѓањето на Зидан се пресели на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И понатаму се сметам себе си за еден од најдобрите голмани на светот, иако шпанските медиуми сакаат да ме убијат. Буквално. Се чувствувам силен, мирен сум бидејќи вредно тренирам и добро бранам“, изјави Куртоа за белгиските медиуми, кој потоа го објасни и киксот на мечот против Русија.
„Ја изгубив концентрацијата додека топката ми беше во нозете. Изгубив сила, се сплеткав и бев казнет поради тоа. Но таков е животот на голманите. И покрај киксот останав смирен и до крајот ја завршив работата како што треба“, истакна Куртоа.
Gol da Rússia
⚽️ Cheryshev
Bélgica 1 x 1 Russia pic.twitter.com/hvEvnjwpla— ttsoccer (@ttsoccer_) March 21, 2019