Во Барселона се уште не се смируваат страстите после тешкиот пораз од Баерн Минхен во ЛШ и владее лоша атмосфера во клубот.




По натпреварот големи критики доби тренерот Роналд Куман за кој навивачите велат дека треба да добие отказ.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Меѓутоа, Куман верува дека ситуацијата во Барселона е поинаква отколку пред една година, кога Баерн ги декласираше со 2-8 и дека сега нема такви ѕвезди во екипата.




„Пред само една година, Барселона загуби од Баерн Минхен со 2-8, а во составот беа Меси, Гризман, Суарез. Во вторникот играа Демир, Ерик… Сите имаме право на свое мислење. Не сум разговарал со никој за својата иднина, фокусиран сум само на работа со тимот“, вели Куман.