Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски на лето би можел да се врати во Серија А.
Кулушевски минатата година се пресели во Тотенхем од Јувентус за 35 милиони евра и веднаш го покажа својот потенцијал во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кулушевски беше голема желба на Конте, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.
Доколку Тотенхем не избори пласман во Лигата на шампиони, Кулушевски ќе побара трансфер, а најсилен интерес за него покажува Милан.
„Росонерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, а Кулушевски сака да се врати во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.