Дома Трансфер зона Кулушевски ги изненади Англичаните кога им кажа зошто носи „44-ка“

Кулушевски ги изненади Англичаните кога им кажа зошто носи „44-ка“

„Несудениот“ македонски репрезентативец Дејан Кулушевски вчера беше претставен како ново засилување за Тотенхем.

Кулушевски во лондонскиот клуб пристигна од Јувентус на позајмица која ќе трае до летото 2023 година, а потоа Тотенхем ќе има можност да го откупи неговиот договор. Во Јувентус Кулушевски пристигна летото 2020 година од Парма, но не се покажа како што се очекуваше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој вчера го потпиша договорот со Тотенхем и повторно го избра дресот со број 44 кој некако стана негов заштитен знак. Англичаните го прашаа Кулушевски зошто носи токму 44, а неговиот одговор беше изненадувачки.

Имено, шведскиот репрезентативец го носи овој број затоа што негов фудбалски идол кога растел бил Јанузај кој тогаш играше за Јунајтед и го носеше овој број.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…