Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната тврди „Газета дело Спорт“.
Наполи е во лоша финансиска ситуација поради пандемијата, а Кулибали има висока плата, па клубот одлучи да го стави на продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на сенегалскиот дефанзивец истекува во 2023 година, па во Наполи веруваат дека сега е вистинско време да заработат на неговото заминување.
Цената на 29-годишниот Кулибали моментално изнесува 50 милиони евра, иако пред само една година неколку европски гиганти за неговиот потпис нудеа 70 милиони евра.
Најсилен интерес за Кулибали покажуваат премиерлигашите, Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.