Дома Фудбал Крос: Мбапе? Ако тој не знае што ќе прави со својата иднина, како јас да знам?

Крос: Мбапе? Ако тој не знае што ќе прави со својата иднина, како јас да знам?

Килијан Мбапе одби да говори за својата иднина и посочи дека ќе го открие својот следен чекор пред почетокот на Европското првенство, но цела спортска јавност веќе на големо говори за неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Дел од ѕвездите на првиот тим веќе мораа отворено да говорат за потенцијалното пристигнување на Французинот, а последен на листата е и Тони Крос кој дал одговор во свој стил во интервју за шпанската национална телевизија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Мбапе? Ако тој не знае што ќе прави со својата иднина, како јас да знам?

– Реал Мадрид секогаш ги сака најдобрите играчи во светот и тој без никаков сомнеж е еден од нив. Сепак, ниту еден индивидуалец не е поважен од Реал, најважно е да се победува. Ќе биде убаво за Реал тој да пристигне во Мадрид, но сметам дека имаме многу добар тим и без Мбапе.

– Мојата иднина? Ќе мора да донесам конечна одлука во наредниот месец или два, а потоа ќе говориме за чекорот кој сум го избрал, – изјавил Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо доби наследник, Азурите имаат нов селектор!

Според италијанските медиуми, Џенаро Гатузо доби наследник на местото селектор на репрезен…