Дома Фудбал Лига на шампиони Критики за Атлетико: Против Челзи изгледаа како да се второлигаши

Критики за Атлетико: Против Челзи изгледаа како да се второлигаши

Aтлетико Мадрид вчера беше во целост надигран од Челзи и сосема заслужено „сините“ се тимот кој се пласираа во четвртфиналето.

И во двете пресметки Челзи беше подобар противник и со вкупни 3:0 избраниците на Тухел стигнаа до четвртфиналето. Атлетико го заврши својот настап во Европа сезонава и ќе мора да се насочи само кон трката за титулата во Примера.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Чудно беше што Атлетико иако на „Стенфорд Бриџ“ допатува да брка резултат во најголем дел од натпреварот „јорганџиите“ беа резервирани како тие да имаат резултат кој ги води понатаму.
Затоа поранешниот играч на Челзи, Џо Кол кој во Лондон помина цели седум години испрати критики за шпанскиот претставник.

„Натпреварот изгледаше како Челзи да игра против второлигаш. Искрено така ми изгледаа, како тим кој се бори за врвот во Чемпионшип или како тим од долниот дел на табелата во Премиер лигата“, порача Џо Кол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Револуција во Серија А: Голема промена во Италија почнува со дербито на Јувентус и Интер

Саботниот дерби натпревар помеѓу Јувентус и Интер ќе биде прв во историјата на Серија А во…