Дома Останати Кошарка НБА Крис Пол испиша историја, Дончиќ и Далас ја елиминираа Јута, Ембид незапирлив за Рапторси

Крис Пол испиша историја, Дончиќ и Далас ја елиминираа Јута, Ембид незапирлив за Рапторси

Tри франшизи изминатата вечер го прославија пласманот во вториот круг од плеј-офот во НБА лигата.

Далас Маверикс ја елиминираше Јута откако во шестиот натпревар во „Солт Лејк Сити“ славеа со 98:96, серијата ја добија со 4:2. Враќањето на Лука Дончиќ само ги зголеми шансите на Мавси кои на крајот избегнаа мајсторка. Дончиќ во шестиот натпревар уфрли 24 поени и додаде уште девет скокови и осум асистенции, додека голем допринос даде и Џален Брунсон со 24 поени. Донован Мичел беше најефикасен кај домаќините со 23 поени, осум скокови и девет асистенции. Бојан Богдановиќ постигна 19 поени.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Со 4:2 во серијата и Феникс славеше против Њу Орлеанс Пеликанс, а Крис Пол во отсуство на Девин Букер одигра фантастично. Во овој натпревар уфрли 33 поени и додаде осум асистенции. Плејмејкерот на Снаси влезе во историјата затоа што од 14 шута од игра не промаши ниту еднаш, досега вакво нешто во еден плеј-оф натпревар не беше забележано.

Серијата со 4:2 беше завршена и во натпреварите помеѓу Филаделфија и Торонто Рапторс. Џоел Ембид со 33 поени и 10 скокови им пресуди на Рапторси. Тајрес Максеј уфрли 25 поени, а Џејмс Харден додаде 22 поени и 14 асистенции. Тобијас Харис стигна до дабл-дабл со 19 поени и 11 скокови. Во поразениот тим Крис Букер постигна 25 поени и запиша уште 10 скока, додека Паскал Сиакам имаше 24 поени и уште седум скокови и асистенции.

Во четвртфиналето ќе се сретнат: Мајами – Филаделфија, Бостон – Милвоки, Феникс – Далас, Голден Стејт – Мемфис/Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…