Веројатно после овој податок на никого од вас нема да му падне на памет да го отпишува Кристиано Роналдо од било кое индивидуално признание.
Нешто повеќе од два месеци му беа потребни на Роналдо за целосно да ја сврти ситуацијата во своја корист и да има „затвори устата“ на критичарите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На 20 јануари Роналдо имаше големо заостаување од најдобрите стрелци во најсилните пет лиги, а после вчерашниот натпревар против Јувентус остана осамен на тронот.
Кон крајот на јануари Хари Кејн беше најдобриот стрелец во најсилните пет лиги со 29 погодоци, го следеа Едисон Кавани и Чиро Имобиле со по 26 погодоци, додека Роналдо имаше 16!
Два ипол месеци подоцна првата ѕвезда на Реал Мадрид на своето конто има 39 голови во сите натпреварувања и се наоѓа пред одличниот Мохамед Салах кој постигна 37 погодоци. Потоа следат Чиро Имобиле и Лионел Меси со по 37 погодоци.