Дома Трансфер зона Кризата не ги менува желбите на Солскјер: Јунајтед за три мети спрема 250 милиони евра?

Кризата не ги менува желбите на Солскјер: Јунајтед за три мети спрема 250 милиони евра?

Прекинувањето на натпреварувањата поради пандемијата од новиот коронавирус веќе доведе до финансиска криза во светскиот фудбал.

Сепак, оние најголемите и финансиски најсилни би требало без поголеми проблеми да го издржат она што се случува и што би можело да се случува во иднина. Еден од таквите клубови сигурно е Манчестер Јунајтед кој од поодамна е еден од најмоќните фудбалски клубови во Европа и светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред пандемијата да го направи своето тренерот Солскјер и „црвените ѓаволи“ имаа три мети за летниот преодниот рок, медиумите на Островот тврдат дека желбата на Солскјер не се променила.

Јунајтед сега се надева дека ваквите околности ќе ја намалат цената на нивните мети, но сега нема такви најави. Првата желба е Џадон Санчо, меѓутоа Борусија не брза да го продаде, па и понатаму инсистира на 120 милиони евра.

Тука е и Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се заинтересирани за капитенот на Вила, а за неговиот трансфер ќе биде неопходно да издвојат околу 80 милиони евра.

На крајот тука е и младиот Џуд Белингам, тинејџерот на Бирмингам. Иако е млад неговата цена е веќе висока – 50 милиони евра. Јунајтед сака да го доведе како влог за иднината, а прашање е дали Бирмингем ќе му ја намали цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…