Дома Останати Кошарка НБА Крај на големата серија на Стеф Кари: По пет години одигра натпревар без постигната тројка

Крај на големата серија на Стеф Кари: По пет години одигра натпревар без постигната тројка

Изминатата вечер во НБА лигата беше прекината низа која тешко би се повторила во најсилната кошаркарска лига во светот. Првата ѕвезда на Голден Стејт, Стеф Кари по 1.865 дена одигра натпревар без постигната тројка.

На гостински терен Голден Стејт славеше победа против Портланд со 118:114, а Кари одигра очајно со само седум постигнати поени и шут од игра 2/12. За три поени, Кари имаше осум обиди и во ниту еден ов нив не беше прецизен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот натпревар пред овој против Портланд на кој Кари не постигна тројка го одигра на 8. ноември 2018 година. Серијата беше долга пет години. Интересно што и втората најдолга серија е во негова сопственост со 111 натпревари во низа, на третата позиција на листата е Демијан Лилард со 101 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…